Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од Регионалната ракометна лига, откако навивачката група „Чкембари“ објави дека нема организирано да присуствува на средбите од ова натпреварување.

Битолската навивачка група како причина го наведува ставот дека Регионалната лига не претставува приоритет, но и незадоволството од начинот на кој е креиран распоредот. Особено се посочува фактот што во период од само седум дена Пелистер треба да одигра три домашни натпревари.

Пелистерци на 23 август ќе го пречекаат Партизан, на 26 август следува дуелот со Ловќен, додека на 31 август на домашен терен ќе играат против Дубочица.

Од „Чкембари“ сепак ги повикаа сите навивачи кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на ракометарите пред стартот на новата сезона.

„Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига.

Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен распоредот не остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност. Во само седум дена се предвидени три домашни натпревари, што според нас дополнително го девалвира значењето на самото натпреварување.

Сметаме дека во вакви услови и нашиот клуб не треба да ја третира регионалната лига како натпреварување од највисок приоритет.

Сепак, ги охрабруваме сите навивачи на Пелистер кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на нашите ракометари, пред почетокот на новата сезона“, велат од навивачката група Чкембари.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!