Младински фудбалФудбал

Промоција на женскиот фудбал во Ораовица: Нови спортски можности за сите девојки

Сподели
Сподели

Во село Ораовица ќе се одржи посебен спортски настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, со кој се испраќа јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат, да стекнуваат нови пријателства и да започнат ново спортско поглавје.

Настанот ќе се одржи во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на фудбалскиот терен во Ораовица, во вечерен термин под рефлектори.

Во рамки на настанот ќе се одиграат пријателски натпревари, а специјални гости ќе бидат фудбалерките на ЖФК Тиверија Брера од Струмица, клуб кој се натпреварува во Првата женска фудбалска лига и претставува вистински расадник на млади фудбалерки и репрезентативки.

Свој придонес во настанот ќе имаат и ЖФК Изведен од Ораовица и ЖФК Серта од Конче, со што дополнително ќе се промовираат можностите за девојките од овој регион да се вклучат во фудбалот.

Повеќе информации на 078 433 987 (Дончо)

  • ФУДБАЛОТ Е ЗА СИТЕ ДЕВОЈКИ

Поканата е отворена за сите девојки, без разлика на возраста, кои сакаат да тренираат фудбал, сакаат да го запознаат овој спорт или едноставно сакаат да бидат дел од една убава спортска приказна.

Настанот е наменет за девојките од целата општина Радовиш, односно од Радовиш и населените места Ораовица, Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово, Сулдурци, Калугерица, Воиславци, Ињево и останатите населени места, како и за девојките од општина Конче и сите населени места во неа.

Целта е едноставна – да се создаде интерес кај девојките за фудбалот и да им се покаже дека имаат можност да бидат дел од организирана спортска средина, да тренираат, да се натпреваруваат и да го развиваат својот талент.

  • МОЖНОСТ И ЗА НАСТАП НА OHRID WOMEN’S CUP

Овој настан носи и дополнителна можност за сите заинтересирани млади фудбалерки.

Девојките од генерациите 2012, 2013, 2014 и 2015 ќе имаат можност да се приклучат и да настапат на првиот OHRID WOMEN’S CUP, кој ќе се одржи на 5 и 6 септември во Охрид.

Станува збор за турнир посветен на младите фудбалерки, кој има за цел преку спорт, дружење и натпреварување да даде дополнителен придонес во развојот на женскиот фудбал.

Ораовица во недела ќе биде место каде што фудбалот ќе ги обедини девојките од целиот регион.

Дојди, запознај го фудбалот, дружи се и можеби токму тука ќе го започнеш твоето ново спортско поглавје!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!