Втора лигаФудбал

Пелистер против Брера наместо во Битола ќе игра во Кавадарци

Сподели
Сподели

Пелистер натпреварот од второто коло на Втората македонска фудбалска лига против Брера Струмица наместо во Битола ќе го игра во Кавадарци.

Со тоа битолчани ќе мора да патуваат во Кавадарци за да го следат натпреварот на Пелистер, а причината е обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а влезот ќе биде слободен.

„Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од 2. коло против екипата на Брера ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот да се одигра во Кавадарци. ФК Пелистер им се заблагодарува на сите инволвирани страни за разбирањето и соработката, со цел обезбедување на најдобри услови за одигрување на натпреварот.
Влезот за сите посетители ќе биде слободен“, велат од битолскиот второлигаш.

Пелистер новата сезона ја отвори со реми (1:1) против Камјани на домашен терен.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!