Трета лигаФудбал

ВИДЕО + ФОТО: Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во ново руво: Зелен, чист и подготвен за фудбал!

Сподели
Сподели



Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп добива нов лик и повторно е подготвен да понуди одлични услови за натпревари и тренинг. По периодот на запоставеност и нарушување на состојбата на зелените површини и инфраструктурата, направена е целосна рехабилитација на стадионот.

Како што информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со ЈКП „Водовод и канализација“ и Локалната самоуправа, на одредени делови е поставена нова бусен-трева, извршено е целосно третирање со потребните препарати, поставен е систем за наводнување, а тревната површина е рехабилитирана и правилно одржувана со редовно косење.

Од „Комуналец“ посочуваат дека рехабилитацијата на тревната површина на спортските терени е сложен, стручен и долготраен процес. Наместо целосна преработка и пресејување, со посветена работа било постигнато оспособување на постоечката тревна површина.

„Градскиот стадион зелен, чист и подготвен. Јавните претпријатија ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, извршија целосна рехабилитација на Градскиот стадион. По неговото напуштање и опустошување како на зелените површини, така и на инфраструктурата, извршено е поставување на одредени места на нова бас трева, целосно третирање со потребните препарати, поставување на наводнување, рехабилитација на трева и правилно косење. Фудбалскиот стадион сега е во одлична состојба, зелен, чист и убав и подготвен за спортски натпревари. Инаку, рехабилитација на тревна површина на спортски терени е макотрпна, стручна и трае подолго време како во случајов, кога „Комуналец“, наместо преработка и пресејување, успеа да го оспособи Градскиот стадион“, велат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Денес стадионот „Гоце Делчев“ изгледа зелено, чисто и уредно, создавајќи далеку подобри услови за одигрување на фудбалски натпревари.

Сепак, новиот изглед на стадионот доаѓа во период кога прилепскиот фудбал се соочува со тежок момент. Победа испадна од Втората македонска фудбалска лига и во новата сезона ќе се натпреварува во Трета лига – Регион 5.

Така, Прилеп, кој со години важи за еден од најфудбалските градови во Македонија, во новата сезона нема да има ниту еден второлигаш, а Победа ќе мора преку третолигашката конкуренција да го бара патот назад кон повисоките рангови.

Но, барем фудбалскиот дом е подготвен – Градскиот стадион „Гоце Делчев“ повторно е зелен, уреден и подготвен за нови фудбалски приказни.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!