Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со младинската стратегија: Крстевски и Димевски нови имиња во Битола

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели



Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, со акцент на млади и перспективни ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет во бековската линија.

Нов член на битолскиот суперлигаш е 18-годишниот Марин Крстевски, кој пристигнува од Мулти Есенс. Младиот среден бек зад себе има успешни настапи во младинските категории, каде со својот поранешен клуб освојуваше трофеи, а воедно е и репрезентативец на Македонија до 20 години.

Покрај Крстевски, Еурофарм Пелистер 2 се засили и со Давид Димевски, кој доаѓа од Куманово. Станува збор за ракометар со веќе сериозно суперлигашко искуство, а неговата најдобра сезона ја имаше во 2025 година, кога со 237 постигнати голови беше најдобар стрелец во македонската Суперлига.

Димевски првенствено игра на позицијата лев бек, но може да одговори и на останатите бековски позиции, што му дава дополнителна вредност на ростерот. И тој има репрезентативно искуство во младинските селекции, а беше дел од македонскиот состав на Светското младинско првенство во 2025 година.



Со ангажманот на Крстевски и Димевски, Еурофарм Пелистер 2 добива комбинација од младински потенцијал и суперлигашко искуство, во обид да изгради конкурентен состав за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!