Ракомет

РК Младост 1977 ги продолжува уписите: Станете дел од ракометната школа во Богданци и Дојран!

Сподели
Сподели



Ракометната Академија на РК Младост 1977 продолжува со уписите на нови членови, а можност да станат дел од школата имаат момчиња и девојчиња родени 2014 година и помали.

Академијата е предводена од врвни спортисти и поранешни репрезентативци, со јасна цел преку тим, дисциплина и спортски дух да се создаваат нови ракометни генерации.

Тренинзите во Богданци започнуваат на 24 август 2026 година од 17:30 часот, во спортската сала „Млаз“, а ќе се одржуваат три пати неделно – понеделник, среда и четврток.

Од 2 септември ракометната школа продолжува и во Нов Дојран, во спортската сала „Истатов“. За децата од околните села е обезбеден и организиран превоз.

За секој член следува гратис маичка, додека децата кои ќе влезат во селекцијата за мини-ракомет добиваат и бесплатна опрема.

За информации и уписи: Далибор – 078/380-049 и Никола – 078/277-860.

Станете дел од ракометната иднина и од школата која создава нови спортски генерации во југоистокот!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!