Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Кочани се засили со Софија Велинова, Вероника Коцева и Сара Горгиева

Сподели
Сподели



Прволигашот Кочани за новата сезона во Првата женска фудбалска лига се засили со три млади фудбалерки. Се работи за Софија Велинова, Вероника Коцева и Сара Горгиева, трите доаѓаа во пакет од редовите на ЖФК Фудбал Старс од Кочани.

Велинова и Коцева се родени 2011 година, а пак Горгиева е родена 2008 година, се работи за талентирани фудбалерки, кои се дел од младинските репрезентации на Македонија.

„Софија, Вероника и Сара се членки на У-15 и У-17 репрезентацијата на Македонија, што претставува уште една потврда за нивниот талент, потенцијал и посветеност кон фудбалот“, велат од ЖФК Кочани.

Минатата сезона Кочани избори опстанок во Првата женска фудбалска лига преку бараж, кога го совлада второлигашот Билјанини Извори преку пресврт на стадионот во Ѓорче Петров, а сега тимот поучен од ланската тешка сезона работи на создавање на ростер со млади и талентирани фудбалерки надополнети со неколку поискусни.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!