Трета лигаФудбал

Каменица Саса промовираше неколку засилувања: Паунов, Тренчев, Соколов, Ангелов, Крстов, Станојковски и голманот Атанасовски

Сподели
Сподели



Ланскиот второлигаш Каменица Саса промовираше неколку нови засилување со кои значително го подига квалитетот на повисоко ниво за новата сезона во Трета лига регион 3 – целта ќе биде експресно враќање во Втората лига.

„Рударите“ од Македонска Каменица се засилија со искусниот Драган Паунов, Стојанче Тренчев, Марко Соколов, Христијан Ангелов, Христијан Крстов, Матеј Станојковски и голманот Бобан Атанасовски, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

Паунов доаѓа од второлигашот Осогово, тој е повратник во екипата на Каменица Саса, а низ кариерата 35-годишникот настапуваше и за Слога од Виница, Гостивар и струмичка Тиверија.

ФОТО: Драган Паунов одново во дресот на Каменица Саса

Од Осогово доаѓа од Стојанче Тренчев, 22-годишниот фудбалер од 2014 година го носи дресот на второлигашот од Кочани, а сега го направи својот прв трансфер.

22-годишниот Марко Соколов, исто така доаѓа од Осогово во Каменица Саса, тој е повратник во тимот од Македонска Каменица, а настапуваше и за младинската категории на Работнички.

На фудбалските терени се враќа и Христијан Ангелов, кој го носеше дресот на Каменица Саса во период од 2012 до 2017 година.

Меѓу „рударите“ доаѓа и Крстов од Брегалница Делчево, се работи за 23-годишен фудбалер кој претходно го носеше дресот на Карбинци и Осогово, а шест месеци градеше меѓународна кариера во Хрватска, во период од август 2024 до јануари 2025 во дресот на Вишњан.



Станојковски е млад 19-годишен фудбалер кој доаѓа од ССК Нова, а кариерата ја започна во кратовски Силекс.

Повратник во редовите на Каменица Саса е голманот Бобан Атанасовски кој доаѓа од редовите на Брегалница Делчево, се работи за искусен 31-годишен голман кој претходно го носеше дресот на „рударите“.

Според информации на Спортска Мрежа, Каменица Саса во следниот период ќе продолжи со засилувања во ростерот со уште неколку поискусни имиња, со што дефинитивно тимот од Македонска Каменица ќе има само една цел пред себе – враќање во Втората македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!