Втора лигаФудбал

Шкупи бара поддршка од бизнисмените за спас и стабилизација на клубот

Сподели
Сподели



Фудбалскиот клуб Шкупи се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради што новото раководство упати јавен повик до бизнисмените и компаниите од Скопје да му помогнат на клубот во периодот на стабилизација.

Од Чаир посочуваат дека по преземањето на клубот од претходното раководство биле наследени големи долгови и низа наталожени проблеми. И покрај тешката ситуација, новите луѓе во клубот велат дека веќе започнал сериозен процес за финансиско стабилизирање и закрепнување на Шкупи.

Раководството ги повика сите бизнисмени кои веруваат во клубот да се вклучат во неговото функционирање и да помогнат во создавањето подобри услови за иднината. Најавено е дека наскоро ќе започне поставување реклами низ целиот стадион, додека на новите дресови ќе се најдат логоата на компаниите кои ќе одлучат да застанат зад клубот.

„За иднината на ФК Шкупи потребни ни се луѓе и бизниси кои веруваат во овој клуб и се подготвени да бидат дел од нашиот пат. Многу наскоро ќе започнеме со реклами низ целиот стадион, додека на новите дресови ќе бидат поставени логоата на спонзорите кои ќе застанат покрај клубот во овие тешки денови. Како раководство на клубот, ви гарантираме 100% транспарентност во секоја соработка. Секој бизнисмен кој сака да инвестира и да му помогне на ФК Шкупи ќе биде добредојден. Шкупи е на сите. Сега е време да се обединиме и да го вратиме клубот таму каде што заслужува“, велат од ФК Шкупи.

Апелот доаѓа во момент кога Шкупи се наоѓа во Втората македонска фудбалска лига, откако минатата сезона имаше исклучително лош настап во елитата. Чаирчани освоија само еден бод, со едно реми, додека сите останати натпревари ги загубија, што резултираше со испаѓање од Првата во Втората лига.



Ниту стартот на новата сезона не беше позитивен. Шкупи на домашен терен загуби со 0:2 од Детонит Плачковица, па по првото коло остана без бодови.

Нова шанса за прв позитивен резултат ќе има во следното коло, кога Шкупи ќе гостува кај Кожуф. Новото раководство, паралелно со спортските предизвици, ќе мора да работи и на финансиското стабилизирање на клубот и враќањето на Шкупи на патот кон подобри денови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!