Втора лигаФудбал

Димоски со гол за роденденот ја отвори сезоната, голгетерот погоди за победа на Детонит Плачковица во Чаир

Сподели
Сподели



Филип Димоски на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Голгетерот се запиша во листата на стрелци на гостувањето кај Шкупи и со погодок придонесе за триумфот на Детонит Плачковица од 0:2 на Чаир во рамките на воведното коло.

За Димоски ова беше посебен погодок и поради моментот во кој дојде. 27-годишниот напаѓач пред само два дена го прослави својот роденден, па самиот себеси си подари најубав можен подарок – гол на стартот од новата сезона.

Зад Димоски е одлична голгетерска сезона. Минатата сезона постигна дури 16 погодоци во Втората лига. Есенскиот дел го започна во дресот на прилепска Победа, за која постигна три гола, додека во пролетниот дел продолжи во Осогово и блесна со 13 погодоци.

Особено впечатлив беше неговиот период во Кочани, каде што двапати во сезоната успеа да постигне хет-трик во дресот на „жетварите“.



Димоски низ кариерата настапуваше и за Охрид, 11 Октомври, Каменица Саса, Пити Гули и Вардар Неготино, а Детонит Плачковица е клуб во кој сега по вторпат се враќа. Претходно веќе помина една сезона во составот на радовишкиот второлигаш.

Сезоната, очигледно, ја започнува во свој стил – со гол. А по одличната голгетерска година зад него, Димоски и во новата сезона ќе биде еден од играчите од кои Детонит Плачковица ќе очекува голови и важни бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!