Втора лигаФудбал

Здравков: Заслужено победивме, можевме да постигнеме уште еден до два гола, одиме чекор по чекор

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица со триумф над Шкупи ја отвори новата сезона откако на Чаир со 0:2 го доби ланскиот второлигаш кој продолжува со поразите од претходната сезона.

Стрелци за тимот од Радовиш беа Давид Голубов и Филип Димоски, а шефот на стручниот штаб Горан Здравков е задоволен од изданието на неговиот тим, дополнувајќи дека можеле да постигнат уште еден до два гола.

„Стигнавме до тешка победа на мечот во Чаир. Игравме против млада екипа, желна за докажување, но сметам дека нашата победа е заслужена. На крајот можевме да постигнеме уште еден или два гола. Имаме успешен старт на сезоната, токму онака како што посакувавме. Натпреварот беше фер и коректен, а што се однесува до самата игра, мислам дека бевме подобар противник на теренот. Шкупи има млада екипа која покажа голема агресивност во играта. Станува збор за млади и брзи фудбалери кои изгледаа одлично на теренот и верувам дека пред сите нив е блескава иднина. Имавме одличен пречек од домаќинот и се надевам дека и двете екипи ќе имаат добри резултати во продолжението од шампионатот“, вели Горан Здравков во разговор за Спортска Мрежа по натпреварот со Шкупи.

Целта на Детонит Плачковица е сигурен опстанок, со шанса доколку се укаже да се нападне третото место кое води кон баражот за Прва лига.

„Нашата главна цел е да обезбедиме сигурен опстанок во шампионатот. Потоа, доколку успееме да се пласираме во горниот дел од табелата и да дојдеме во ситуација да се бориме за третото место, односно за позицијата која води во баражот, ќе бидеме презадоволни од постигнатото. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, па ќе видиме што ќе ни донесе сезоната“, дополнува Здравков.

Мечот со Шкупи е минато, а мислите се насочуваат кон мечот со Охрид.

„Овој натпревар веќе е зад нас и целосно сме насочени кон следниот предизвик – домашниот натпревар против Охрид во рамките на второто коло. Во текот на оваа недела ќе се фокусираме на подготовките и анализата за тој натпревар“, заврши Здравков.

Во следното коло Детонит Плачковица ќе го игра првиот домашен меч пред верната публика против Охрид, тим кој денес со 2:1 го доби Новаци.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!