Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија до 16 години со пораз од Бугарија го заврши Европското Првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржуваше во Македонија.

Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше предноста во текот на целиот меч.

Сепак, за оваа генерација шампионатот претставуваше значајно европско искуство и можност за настапи против квалитетни селекции. Нашите млади кошаркари одиграа серија натпревари кои ќе бидат важна основа за нивниот понатамошен развој и напредок.

Во последниот меч, најпрецизни во македонскиот состав беа Александар Зунзуровски и Илија Коневски со по 13 поени, додека Дион Шабани постигна 10.

Македонија така го заврши настапот на 14. место во конкуренција на 22 репрезентации, со ново европско искуство за генерацијата која во иднина треба да биде еден од носителите на македонската кошарка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!