Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Сподели
Сподели

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во Дебреште, а последната натпреварувачка вечер донесе нови интересни пресметки и резултати.

Во првиот натпревар Евро Анче Планиска со убедливи 3:0 го совлада Мега Маркет Јашарови, додека Лисичани минимално со 1:0 ја победи Поликлиника „Д-р Спаско“.

Најинтересно беше во дуелот меѓу Пикси Бојс и Лисичани, кој во регуларниот дел заврши 1:1, по што победникот беше решен на пенали. Лисичани беа поуспешни и со 2:0 на пенали обезбедија триумф.

Последната средба од групната фаза донесе убедлива победа на BHS Grup Саждево-Крушево, кој со 7:2 го совлада Саждево.

Со овие натпревари заврши групната фаза на турнирот. Вечерва во Дебреште ќе биде слободна вечер без натпревари, додека возбудувањата продолжуваат од утре, кога на програмата е осминафиналната фаза.

Следува периодот во кој нема повеќе простор за калкулации – секој натпревар носи елиминација, а екипите ќе се борат за место меѓу најдобрите осум на „Алмо 2026“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!