Ракомет

Турнирот „Крсте Андоновски“ во живо на ТВ Арена Македонија

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Љубителите на македонскиот ракомет ќе можат од своите домови да ги следат сите возбудувања од петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. Сите натпревари од турнирот во Охрид ќе имаат директен телевизиски пренос на каналите на ТВ Арена Македонија.

На теренот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се појават осум екипи, поделени во две групи. Домаќинот ГРК Охрид е во групата „А“ заедно со Египет У20, Војводина и Загреб, додека во групата „Б“ се Вардар 1961, Олимпијакос, Тримо Требње и Нексе.

Турнирот започнува во вторник, 18 август, а првиот ден носи три натпревари. Вардар 1961 и Олимпијакос ќе го отворат турнирот од 16:30 часот, по што од 18:45 следува првиот настап на домаќинот против Египет У20. Вечерната програма ќе ја затворат Војводина и Загреб од 21:00 часот.

Охрид и на вториот ден ќе биде дел од вечерниот термин. Во среда, 19 август, од 18:45 часот ќе игра против Војводина. Претходно, од 16:30 часот, Загреб ќе се сретне со Египет У20, додека во последниот меч за денот Нексе ќе игра против Тримо Требње од 21:00 часот.

ФОТО: ГРК Охрид

Третиот натпреварувачки ден, 20 август, ќе донесе нови пресметки во двете групи. Војводина и Египет У20 ќе играат од 16:30 часот, Олимпијакос и Тримо Требње од 18:45, а во вечерниот термин од 21:00 часот следува дуелот Вардар 1961 – Нексе.

Групната фаза ќе заврши во петок, 21 август. Нексе и Олимпијакос ќе се сретнат од 16:30 часот, Вардар 1961 и Тримо Требње од 18:45, а Охрид ќе го одигра последниот натпревар во групата против Загреб од 21:00 часот.

Сабота, 22 август, е резервирана за големата завршница и битката за конечниот пласман. Ќе се играат натпревари за седмото, петтото и третото место, а кулминацијата на турнирот ќе биде финалето.

Така, публиката во „Билјанини Извори“, но и сите оние кои нема да можат да бидат во салата, ќе имаат можност да го проследат целиот турнир во живо преку ТВ Арена Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Салата „Млаз“ во Богданци има нов режим на влез – ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Младост в сабота го игра првиот домашен меч во Супер лигата против...

Ракомет

Вардар се врати во елитата со храбра битка, но Мелсунген ги освои бодовите

Вардар не успеа со позитивен резултат да го одбележи враќањето во Лигата...

Ракомет

ЖРК Астибо врши уписи – мали ракометарки, големи соништа: Дојди да ја фрлиме првата топка заедно

Женскиот ракомет во Штип добива нова можност за развој и создавање на...

Ракомет

Три причини зошто во сабота треба да бидете во салата „Млаз“ во Богданци

Младост се врати во Суперлигата, а по ремито 30:30 против Бутел во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!