Втора лигаФудбал

Работнички во комплетно нов лик: „Романтичарите“ промовираа голем број фудбалери

Сподели
Сподели



Ланскиот прволигаш Работнички промовираше голем број на фудбалери за новата сезона во Втората лига, со што „романтичарите“ ќе бидат во комплетно нов изглед за сезоната која започнува утре.

Тимот ќе го предводи Блаже Јанакиевски, а како што истакнаа од тимот од Дебар Маало оставен е простор за дополнителен ангажман за уште некој нов фудбалер.

19-годишниот Дамјан Спасовски е ново име на Работнички кој доаѓа од Приморје од Словенија, а беше дел од Вардар и Кул Здравје. Андреј Кудијан се враќа во македонскиот фудбал по авантурата во Швајцарија. Популарниот „Куди“ кој има 28 години претходно настапуваше за Детонит Плачковица, Победа, Кожуф, Гостивар, Брегалница, радовишка Плачковица, Скопје, Борец и Еуромилк ГЛ.

За Кудијан ова е враќање во неговиот матичен клуб, за кој настапуваше од септември 2010 година до февруари 2017 година.

32-годшниот Христијан Пецов се врати во тимот на Работнички дојде од Македонија ЃП, а беше дел и од екипата на Скопје во неговата кариера.

Виктор Серафимовски во новата сезона ќе настапува за Работнички, а низ кариерата 30-годишниот играч беше дел и од Брегалница, Пелистер, Силекс, Ренова, Беласица, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, матичниот Вардар и Љубанци.



29-годишниот Христијан Митревски во Работнички пристигна од Осогово, беше дел и од Осогово, Башкими, Охрид, Каменица Саса, Слога Виница, Кадино, популарниот „Ито“ настапуваше и за Победа од Валандово, Локомотива Бентоекспорт, Маџари, Тетекс и Вардар.

Во пакет со Митревски од Осогово во Работнички пристигна и Христијан Поп Антоски, 22-годишниот прилепчанец беше дел и од Детонит Плачковица, Победа, Македонија ЃП, Братство Житоше, и Прилеп од каде и ја стартуваше кариерата.

Давид Манасиевски во Работнички пристигна од Башкими, станува збор за играч кој има 24 години, а низ кариерата беше дел и од Тиквеш, Силекс, Њу Старс, Куманово Еуроспорт, Македонија ЃП и Силекс.

Работнички се засили и со играч од Кожуф, се работи за Александар Богданоски кој има 21 година, а кој во својата кариера беше дел и од Скопје, Беласица, Шкупи и Кул Здравје, а ова за него значи и враќање во Работнички, каде во период од септември 2021 до февруари 2023.

На голманската позиција Работнички е посилен со Амар Хаџибулиќ кој доаѓа од Тетекс, а има 19 години, претходно беше дел и од Кожуф, а тимот од Дебар Маало е негов матичен клуб.

Мартин Мисердовски се врати во Работнички од Детонит Плачковица, а 23-годишниот играч има кариера со настапи за Каменица Саса, Кадино и Њу Старс.

Работнички новата сезона ја отвара против Кожуф на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!