Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Речица домаќин на традиционалниот турнир, гостуваат Љуботен, Истатов и Каменица Саса

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Речица, со поддршка на Општина Куманово и ОСС Куманово, ќе биде организатор на традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012-2026“, со кој уште еднаш се става акцент на промоцијата и унапредувањето на женскиот фудбал во кумановскиот регион.

На турнирот ќе учествуваат четири екипи – ЖФК Речица, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Љуботен и ЖФК Истатов, кои ќе имаат можност да одиграат квалитетни контролни натпревари и да ја проверат формата пред новите предизвици.

Според објавениот распоред, првите две средби се закажани за 15 август, кога од 18:00 часот ќе се сретнат ЖФК Каменица Саса и ЖФК Истатов, додека од 20:00 часот домаќинот ЖФК Речица ќе игра против ЖФК Љуботен.

Наредниот ден, 16 август, ќе се одиграат натпреварите за пласман. Средбата за третото место е закажана за 17:30 часот, додека големото финале ќе започне во 19:30 часот.

Натпреварите, освен финалето, ќе се играат во времетраење од 40 минути, додека финалниот дуел ќе биде во стандардна форма – две полувремиња по 45 минути. Доколку некој од натпреварите заврши со нерешен резултат, победникот ќе се одредува директно преку пенали.



Организаторите подготвија и повеќе индивидуални признанија. Покрај пехарите за освоено прво, второ, трето и четврто место, ќе бидат доделени награди за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман, најдобар млад играч и најдобар судија.

Организатори на турнирот се ЖФК Речица и ОСС Куманово, со цел преку вакви настани дополнително да се придонесе кон развојот на женскиот фудбал и создавање подобри услови за натпреварување и промоција на женскиот спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!