Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Кире Стојанов

Сподели
Сподели



Пелистер продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во ростерот на битолчани е Кире Стојанов.

20-годишниот фудбалер пристигнува од Брера Струмица и игра на позицијата лево крило, а во досегашната кариера настапуваше и за Беласица. Младиот фудбалер зад себе веќе има искуство од највисокиот ранг на македонскиот фудбал, со 29 настапи во Првата лига, на кои постигна четири гола и забележа две асистенции.

Стојанов со своите години и досегашното искуство претставува интересна опција за битолскиот тим, кој во новата сезона влегува со високи амбиции. Пелистер се очекува да биде меѓу главните кандидати за врвот на табелата и борбата за враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Битолчани сезоната ќе ја отворат на домашен терен, а првиот предизвик ќе биде дуелот против Камјани во рамките на првото коло. Натпреварот е закажан за недела од 20:00 часот, а на стадионот во Битола ќе се игра под рефлектори.



Со ангажманот на Стојанов, Пелистер продолжува да го комплетира составот и да создава ростер со кој ќе се обиде уште од стартот да ја потврди улогата на еден од фаворитите во второлигашката конкуренција.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!