Останато

Дарио Ивановски единствен македонски атлетичар на Европското првенство во Бирмингем

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Од денеска до 16 август во Бирмингем, Обединетото Кралство, се одржува Европското првенство во атлетика, на кое Македонија ќе има само еден претставник.

Нашиот најдобар атлетичар, Дарио Ивановски, ќе настапи во дисциплината маратон, каде што ќе се натпреварува со најдобрите европски маратонци.

За маратонот се пријавени вкупно 64 атлетичари, а Ивановски според стартната листа е поставен на 36. место. Неговиот настап е закажан за последниот ден од шампионатот, 16 август, кога ќе трча низ улиците на Бирмингем во обид да стигне до што подобар резултат и пласман.

На шампионатот е предвиден и дополнителен мотив за најуспешните атлетичари. Европската атлетска федерација обезбеди вкупно 500.000 евра преку иницијативата „Златна круна“. Паричниот фонд ќе биде поделен меѓу десет атлетичари – петмина во машка и пет во женска конкуренција – кои ќе постигнат највредни резултати според официјалните бодовни таблици на Светската атлетика.

Интересно е што освојувањето медал не е услов за добивање на овој бонус. Одлучувачки ќе биде квалитетот на постигнатиот резултат, што значи дека и атлетичарите кои нема да стигнат до златото во својата дисциплина ќе имаат можност да бидат наградени доколку остварат резултат со исклучителна вредност.

За Ивановски ова ќе биде уште една голема можност да се претстави на европската сцена и да го потврди своето место меѓу најдобрите македонски атлетичари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, познати судиите за 15. коло

Фатмир Бафто е делегиран за главен судија на дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, со кој в сабота од 13:00 часот во Кавадарци ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...

Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!