Втора лигаИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Брера Струмица со пресврт триумфираше на тестот над Санта Луција од Малта

Сподели
Сподели

Екипата на Брера Струмица со победа ги заврши подготовките пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Струмичани денеска на домашен терен славеа со 3-2 против малтешкиот второлигаш Санта Лусија, во интересен меѓународен контролен натпревар.

Брера успеа да дојде до триумф по пресврт, во натпревар кој им овозможи на двата тренерски штаба да ги проверат своите екипи и да добијат дополнителни одговори пред официјалните предизвици во новата сезона. За Брера Струмица двоен стрелец беше Танчев, а еден гол постигна Ристов, додека пак за Санта Луција стрелци беа Борг и Вела.

За Брера Струмица ова беше последната контролна средба, односно генерална проба пред почетокот на првенството. Втората македонска лига стартува на 15 август, а струмичани сезоната ќе ја отворат пред својата публика против Еуромилк од Горно Лисиче.

Од друга страна, Санта Лусија периодов се наоѓа на подготовки во Македонија, а денешниот дуел во Струмица беше нивна прва контролна проверка на овие подготовки.

За малтешкиот тим следува уште еден натпревар, и тоа на 12 август, кога ќе ги одмери силите со амбициозниот третолигаш Илинден.

Меѓународниот тест во Струмица така донесе корисна проверка и за двата тима, пред продолжението на подготовките и новите сезонски предизвици.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Лука Савичевиќ е ново засилување на КК Пелистер

24-годишниот Лука Савичевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб. Савичевиќ пристигнува од Феникс 2010, каде што настапуваше откако претходно...

Турнири

Многу голови и убедливи победи синоќа, вечерва нови пресметки на турнирот во Дебреште

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско Дебреште продолжува со нови возбудувања. По пет одиграни натпревари во синоќешната...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје славеше на тестот против Каменица Саса

Актуелниот шампион Скопје со триумф од 1:2 ја доби Каменица Саса на...

Трета лигаФудбал

Четири засилување за екс прволигашот од Делчево: Брегалница со први летни засилувања

Третолигашот Брегалница од Делчево ги промовираше првите четири летни засилувања за новата...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Историски момент за Куманово: Башкими 2024 дебитира во сениорскиот женски фудбал!

Женскиот фудбал во Куманово испишува нова страница. ЖФК Башкими 2024 од оваа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!