Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со победа против Кожуф на генералката во Гевгелија

Сподели
Сподели

Екипата на Детонит Плачковица од Радовиш со победа ги заврши подготовките пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Радовишани во денешниот последен контролен натпревар славеа минимално со 0-1 против Кожуф во Гевгелија.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Филип Димоски, кој беше прецизен за победа на Детонит Плочковица во генералната проверка пред првенствените предизвици.

За Дарко Крстески ова беше прв меч како тренер на Кожуф.

За двата второлигаши ова беше последен тест пред стартот на сезоната, која е закажана за 15 август.

Сега фокусот се префрла на официјалните натпревари и освојувањето на првите бодови. Детонит Плачковица сезоната ќе ја започне со гостување во Скопје кај Шкупи, додека Кожуф исто така ќе има гостински предизвик во главниот град, против Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!