Втора лигаФудбал

Второлигашот Новаци се засили со Јусуф Каба

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Второлигашот Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона, а најново засилување во редовите на клубот е Јусуф Каба, кој пристигнува од актуелниот прволигаш Струга Трим Лум.

Станува збор за 22-годишен играч за врска, кој и покрај младоста веќе има солидно искуство на македонската фудбалска сцена. Каба своите први фудбалски чекори ги направи во Охрид, а потоа беше дел од младинските категории на Струга Трим Лум, од каде стигна и до првиот тим.

Во дресот на Струга забележа пет настапи во Првата македонска фудбалска лига, со вкупно 112 минути, додека во Купот на Македонија одигра три натпревари и собра 154 минути на теренот.

Во изминатите сезони стекнуваше дополнително искуство преку позајмици во Караорман, Победа и Шкендија Арачиново, каде минатата сезона беше еден од поважните фудбалери во тимот и даде свој придонес во историскиот успех – пласманот на клубот во Првата македонска фудбалска лига.

Во својата кариера двапати беше шампион со Струга Трим Лум во сезона 2022/2023 и 2023/2024.



По враќањето во Струга Трим Лум, Каба не остана долго во редовите на стружани и сега ќе ја продолжи кариерата во дресот на Новаци, каде ќе претставува значајно засилување во средниот ред.

Со неговото доаѓање, младиот штипски стратег Иван Варадиновски добива уште една квалитетна опција во играчкиот кадар, додека Новаци продолжува да гради конкурентен тим со кој ќе атакува на што подобри резултати во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!