Останато

Пинг-понг: Младост 96 на врвот, Крива Паланка втора, Берово на претпоследното место!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во есенската полусезона во пинг-понг Суперлигата во машка конкуренција се одиграа девет кола, а на врвот од табелата е екипата на Младост 96 од Прилеп, која има девет од девет со 18 бодови на своето конто.

Прилепчани доминираа во првиот дел од сезоната, а на второто место заврши екипата на Крива Паланка која има седум победи и два порази и 16 бодови на своето конто, додека пак Телеком Нец 2 заврши на 3. место исто така со 16 бодови.

Со по 15 боодви екипите на Шампион ФА од Штип и струмички Астраион го делат четвртото место, а по 12 бодови имаат Пелагонија, Радовиш и Вардар. На претпоследното место е Берово со 10 бодови, а дното е Малдост со седум бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПИНГ-ПОНГ СУПЕРЛИГАТА ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Место ЕКИПА Казна Вкупно Победи Порази Добиени мечеви Изгубени мечеви Разлика Бодови
1 Младост 96 9 9 0 36 8 28 18
2 Крива Паланка 9 7 2 31 17 14 16
3 Телеком Нец 2 9 7 2 32 22 10 16
4 Шампион Фа 9 6 3 30 19 11 15
5 Астраион 9 6 3 28 20 8 15
6 Пелагонија 9 3 6 25 26 -1 12
7 Радовиш 9 3 6 21 28 -7 12
8 Вардар 9 3 6 17 28 -11 12
9 Берово 9 1 8 13 32 -19 10
10 Младост 2 9 0 9 3 36 -33 7

Најмногу натпревари со странски играч одиграла екипата на Телеком Нец 2 вкупно девет, осум мечеви со странец одиграла екипата на Младост 96, Астраион има шест, Пелагонија пет меча со странец, Берово и Крива Паланка по четири.

Екипите на Вардар, Малдост, Радовиш и Шампион ФА сите девет натпревари ги одиграле без странски играч.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!