Турнири

Благица Китчен се извлече во финишот, Компанија Атанасовски и Перо и Тајфата лесно до четвртфинале во Чардаклија

Сподели
Сподели



Вечерва се дознаа и последните четвртфиналисти со што се познати сите екипи кои ќе настапат во оваа фаза од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“ кој се игра во штипската населба Чардаклија.

Во првиот меч тимот на Перо и Тајфата без проблеми го доби Камлеш Градба со високи 2:6, а потоа пак КМФ Кратово со 3:1 триумфираше над составот на Капе Верде.

Третиот меч беше највозбудлив за публиката кога Благица Китчен постигна гол во последната минута за триумф од 8:7 над Динамо Штип, а интересно е тоа што Динамо Штип прокоцка предност од 0:5, што за публиката беше вистинска сензација на турнирот.

Компанија Атанасовска со високи 12:4 го декласираше Мист Пласт за пласман во следната фаза.



  • РАСПОРЕД ЗА ЧЕТВРТОК 30 ЈУЛИ:

20:00 Украс Инк – Blagica Kichen

20:50 Тобис Агро – КМФ Кратово

21:40 Техногума Мела рент – Компанија Атанасовски

22:30 Каров Шпед Шкорпиони – Перо и Тајфата

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“ кој се игра во штипска Чардаклија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски пред дуелот со Швајцарија во септември: Тие се фаворити, но можеме да ги изненадиме!

Во ексклузивно интервју за Open-TV, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека верува оти македонската репрезентација има квалитет да ѝ се спротивстави на Швајцарија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера подобра на тестот со Истатов во Дојран

На новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија...

Поврзани написи
Турнири

Украс ИНК со победа од пет гола, КМФ Кратово се извлече на пенали, уште две високи победи во Чардаклија

Вечерва се дознаа противниците за полуфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал...

Турнири

ФОТО: Благица & Китчен против Паб Монополо во големото финале на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп...

Турнири

Фреигхт Оне пресилен, Вергови мораше преку пенали, Вила Клепало победи за четвртфинале на „Ораовица 2026“

Вечерва беа одиграни нови возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица...

Турнири

ФОТО: Моќно издание на Стиф Компани – „лалињата“ ги фати „летен мраз“, Црна Река со „петарда“ на „Ораовица 2026“

Осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ тргна доста ефикасно, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!