ИнтернационалциФудбал

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски го презеде словенечкиот гигант Олимпија

Сподели
ФОТО: nkolimpija.si
Сподели



Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски официјално е нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот гигант Олимпија Љубљана, откако со клубот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

49-годишниот стратег во Љубљана пристигнува по успешната сезона на клупата на Радомље, каде со својата работа остави силен впечаток во словенечкиот фудбал. Токму резултатите што ги оствари со Радомље беа главната препорака раководството на Олимпија да му ја довери една од најпрестижните тренерски функции во словенечкиот фудбал, по разделбата со досегашниот тренер Мишо Бречко.

Пред ангажманот во Словенија, Тренчовски богатото тренерско искуство го стекнуваше во Македонија и Кувајт. Во својата кариера ги предводеше Ал-Араби, Брера, Беласица, Хоризонт Турново и Кожуф Миравци, а беше и спортски директор во Академија Пандев, како и селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години. Во регионот е препознатлив како тренер кој успешно работи со млади фудбалери и им дава шанса за развој.

По официјалната промоција, Тренчовски не го криеше задоволството од новиот предизвик.

„Ова за мене е голем, можеби и најголем предизвик во досегашната тренерска кариера. Да се работи во најголемиот словенечки клуб е огромна чест. Кога ќе те повика Олимпија, пеш би тргнал од Македонија само за да стигнеш тука. Знам каков потенцијал има оваа екипа и колку е добро организирана. Олимпија секогаш мора да се бори за самиот врв на словенечкиот фудбал и навистина со нетрпение го очекувам почетокот на работата. Немам магично стапче со кое преку ноќ ќе направам чуда, но сакам да играме доминантен и брз фудбал и да постигнуваме што повеќе голови“, изјави Тренчовски.

Македонскиот стратег најави дека и во Олимпија ќе остане доследен на својата тренерска филозофија, особено кога станува збор за развојот на младите играчи.

„Сакам фудбалерите да не се плашат да направат грешка. Од нив очекувам самодоверба, храброст и одлучни потези. Со нетрпение очекувам да започнам со работа во новата средина“, додаде новиот предводник на „зелено-белите“.

Тренчовски уште денеска ќе го одработи и својот прв тренинг со екипата, а во Олимпија ќе има можност да соработува и со македонскиот репрезентативец Димитар Митровски, кој веќе е дел од словенечкиот гигант. Овој ангажман без сомнение претставува најголемиот клупски предизвик во досегашната тренерска кариера на македонскиот стратег.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!