Прва лигаФудбал

Тиквеш продолжува со засилувањата – Бразилецот Ренатињо пристигна во Кавадарци

Сподели
Сподели



Македонскиот прволигаш Тиквеш не запира со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во редовите на кавадаречкиот клуб е бразилскиот фудбалер Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо.

Станува збор за млад фудбалер кој настапува на позицијата десен бек и од кого во Тиквеш очекуваат да внесе дополнителен квалитет, енергија и конкуренција во составот. Кавадарчани веруваат дека неговите технички способности и желбата за докажување ќе бидат значаен адут во новата сезона.

„Со големо задоволство го претставуваме нашето најново засилување, Жоао Габриел Фереира Сантос – „Ренатињо“. Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, велат од кавадаречкиот прволигаш.

Тиквеш на одличен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен убедливо го совлада Арсими со 5-1, испраќајќи јасна порака дека и оваа сезона ќе има високи амбиции.

Со ангажманот на Ренатињо, кавадаречкиот клуб продолжува да го комплетира играчкиот кадар, а во клубот очекуваат новиот бразилски интернационалец што побрзо да се вклопи во екипата и да даде свој придонес во остварувањето на зацртаните цели.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!