Трета лигаФудбал

Куманово го утврди планот за подготовки – целта е влез во Втора лига

Сподели
Сподели



Екипата на Куманово го утврди планот за подготовки за новата сезона, а целта ќе биде влез во Втора лига.

Куманово кој пред неколку сезони беше шампион во Трета лига – Север не успеа да го помине баражот откако загуби од Победа, а сега ќе се натпреварува во Трета лига регион 2 каде ќе се натпреваруваат екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

Куманово се наметнува како главен фаворит, а за таа цел клубот го задржа ростерот од минатата сезона речиси во целост и истиот ќе биде засилен со три до четири нови играчи со цел да може Куманово да се избори за првата позиција и шампионскиот пехар, а потоа во баражот да триумфира за влез во Втора лига. Минатата сезона Куманово заврши на третото место во Трета лига – Север, зад БВК Коњаре и шампионот Еуромилк ГЛ, кој потоа обезбеди влез во Втора лига преку баражот.

Планот е подготовките да започнат на 4 август, а договорени се четири контролни натпревари, од кои веќе еден одигра против Ржаничино и истиот го загуби со 5:1, а истиот беше одигран вчера.

Наскоро треба да бидат познати и сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига регион 2.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!