Прва лигаФудбал

Никола Кузманов нов тренер на прволигашот Брегалница

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Повратникот во Првата лига, Брегалница и официјално го назначи Никола Кузманов за нов тренер, кој ќе ги предводи „сините“ во сезоната која стартува денес.

60-годишниот стратег од Штип и минатата сезона беше во стручниот штаб, но работеше како прв асистент, а сега ја презеде улогата шеф на стручен штаб. За Кузманов ова е враќање на тренерското столче на Брегалница, бидејќи и во минатото го водеше „сините“.

Кузманов, во минатото го предводеше некогашниот второлигаш Слога од Виница, а работеше и во Кит Го од Пехчево, каде ја извршуваше и функцијата спортски директор.

Брегалница утре ќе гостува кај шампионот Вардар, со што „сините“ ќе имаат тешко отварање на сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!