Прва лигаФудбал

Кои тренери ќе работат во ПМФЛ во сезона 2026/2027

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Денес стартува 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Арсими.

Вкупно десет екипи ќе се натпреваруваат во елитата, а со тоа се познати и сите десет тренери кои ќе ги предводат истите, последниот беше потврден денес. Седум домашни и тројца странци.

Вардар ќе го предводи Аргентинецот Кристијан Фабијани, Струга Трим Лум ќе ја предводи Бленди Шкемби од Албанија, а пак Оливер Богатинов од Словенија ќе биде шефот на стручниот штаб на Оливер Богатинов.

Останатите стратези ќе бидат домашни. Шкендија (Артим Положани, Силекс (Александар Васоски), Арсими (Вилдан Салиу), Башкими (Гајур Реџеп), Брегалница (Никола Кузманов), Скопје (Муарем Муарем) и Шкендија Арачиново (Берат Имери).

Само Александар Васоски бил шампион со Вардар во сезона 2019/2020, останатите стратези не биле шампиони во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!