Прва лигаФудбал

Салиу: Ќе го дадеме максимумот денес и посакуваме победа на дуелот против Тиквеш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Арсими со гостување кај Тиквеш ја отвора новата прволигашка сезона. По солидната дебитантска сезона во елитното македонско друштво, тимот од Чегране со оптимизам влегува во новиот шампионат и со јасно поставена цел – пласман во горниот дел од табелата.

Во пресрет на денешниот натпревар во Кавадарци, шефот на стручниот штаб Вилдан Салиу истакна дека е задоволен од сработеното во подготвителниот период и верува дека неговиот тим е подготвен да одговори на предизвиците што ги носи новата сезона.

“По неколку недели интензивни подготовки можам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој помина пред сезонската фаза. Играчите работеа максимално посветено на секој тренинг, покажувајќи дисциплина, професионализам и желба секојдневно да напредуваат“, изјави Салиу.

Арсими во текот на подготовките одигра и повеќе пријателски натпревари, кои му послужија на стручниот штаб за тестирање на тактичките замисли и за подобрување на воигрувањето на тимот.

“Резултатите од овие натпревари беа важни, но уште поважен беше напредокот што тимот го покажа од ден на ден. Секако, има уште сегменти во кои можеме да се подобриме, но тоа е нормално на почетокот од сезоната“, додаде шефот на стручниот штаб на гостиварци.

Салиу вели дека целиот тим е максимално фокусиран на денешниот дуел против Тиквеш.

“Нашиот фокус сега е целосно насочен кон отворањето на сезоната против Тиквеш во Кавадарци. Максимално го респектираме противникот и знаеме дека нè очекува тежок натпревар, но имаме доверба во работата што ја направивме во овој период. Верувам дека екипата е подготвена физички, тактички и психолошки за да ја започне сезоната на најдобар можен начин“

На крајот Салиу порача дека Арсими ќе даде максимум за достоинствено да ги претставува клубот и навивачите.

“Ќе го дадеме нашиот максимум на теренот за достоинствено да ги претставуваме клубот, градот и нашите навивачи. Се надеваме дека со посветеност, карактер и натпреварувачки дух ќе оствариме позитивен резултат во Кавадарци и ќе ја започнеме сезоната со победнички чекор. Арсими во новата сезона сака да го продолжи својот развој и да се наметне како еден од сериозните кандидати за место во горниот дел од табелата во ПМФЛ“.

Натпреварот се игра денес на Градскиот стадион во Кавадарци, а почетокот е закажан за 17 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!