Прва лигаФудбал

Стевковски: Целта е победа и успешен почеток на шампионатот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува денеска со дуелот меѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци. Домашниот состав ќе има можност пред своите навивачи да ги освои првите бодови и да испрати јасна порака дека е подготвен за успешна сезона.

Во изминатиот период Тиквеш претрпе сериозни промени – клубот доби ново раководство, нов тренерски тим и значително изменет играчки ростер. Амбициите остануваат високи, а целта е уште од самиот старт да се фати победнички ритам.

Во кавадаречкиот табор со респект гледаат кон новиот прволигаш Арсими, но веруваат дека квалитетот на тимот, домашниот терен и поддршката од трибините ќе бидат доволни за освојување на првите три бода во новиот шампионат.

„Поминавме одлични подготовки, каде игравме со тешки противници и имавме шанса да видиме каде треба да се поправам, а каде сме добри. Првенството сега почнува побрзо од минатите години, и тие грешки не смеат да се повторуваат затоа што целта наша на секој натпревар ќе биде да одиме на победа и што е можно на повисок пласман на крајот на сезоната. Првото коло е најтешко, без разлика на противникот. Но, мислам дека доколку играме дисциплинирано и ги исполниме задачите од нашиот стручен штаб, ќе стигнеме до победа и на најдобар начин ќе ја стартуваме сезоната“, изјави голманот на домашниот тим Христијан Стевковски.

Чуварот на голот на Тиквеш покажа почит кон денешниот противник.

„Арсими има добра екипа која заслужува почит. Тоа го покажа минатата сезона и очекувам тврд натпревар како за прво коло, и нијанси да одлучуваат. Верувам дека со поддршката на нашите навивачи ќе се израдуваме на победа“, вели Стевковски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!