Останато

ФОТО: Испишана нова страница во македонското маратонско пливање: Успешно дебитираше „Дрим Маратон 2026“

Сподели
Сподели

Во организација на Пливачкиот клуб Три Дисциплини од Струга, во соработка со Пливачката федерација на Македонија, за првпат успешно се одржа пливачкиот спектакл „Дрим Маратон 2026“, со што беше испишана нова страница во историјата на македонското маратонско пливање.

Новото натпреварување собра голем број пливачи од повеќе клубови, кои се натпреваруваа во повеќе возрасни категории и дисциплини, а организаторите изразија надеж дека „Дрим Маратон“ ќе прерасне во традиционален спортски настан.

Во главната дисциплина – маратон на 2,5 километри, во апсолутна машка конкуренција најбрз беше Петар Цехов од ПК Вардар 2018 со време 32:48.24, пред клупскиот колега Никола Велковски, додека третото место му припадна на Андреј Мишевски, исто така од ПК Вардар 2018.

Во женска апсолутна конкуренција триумфираше Ѓеоргина Ставреска (ПК Вардар 2018), пред Неда Миленковска (ПК Вардар 2018), додека третото место го освои Росана Гошева од ПК Скопје.

 

Во категоријата 2012–2014 кај момчињата најдобар беше Киро Докузовски (ПК Нептун), пред Стефан Неделковски (ПК Скопје) и Јохан Савов (ПВК Орион). Кај девојчињата победи Матеа Јанкоска (ПК Скопје), второто место го освои Девран Куртис (ПК Три Дисциплини), а третопласирана беше Марта Миленковска (ПК Вардар 2018).

Во категоријата 2009–2011, кај момчињата првото место му припадна на Никола Велковски (ПК Вардар 2018), пред Андреј Мишевски (ПК Вардар 2018) и Виктор Чадиковски (ПК Нептун). Кај девојките најуспешна беше Ѓеоргина Ставреска (ПК Вардар 2018), пред Неда Миленковска (ПК Вардар 2018) и Анастасија Цветаноска (ПК Акваспирит).

Во категоријата 2008 и постари, кај мажите славеше Петар Цехов (ПК Вардар 2018), втор беше Валентин Трповски (ПК Аква Шампиони), а трет Јетмир Зиба (ПК Три Дисциплини). Кај жените победи Росана Гошева (ПК Скопје), додека второто место го освои Блерта Хани од ПК Три Дисциплини.

Во рекреативната трка за пливачи родени 2008 година и постари, најдобар беше Миле Јованоски (ПК Акваспирит), пред Жарко Цвијетиќ и Георги Пирузе (Sunny&Joe).

Во рамките на настанот се одржа и детска рекреативна трка на 600 метри. Кај момчињата победи Дамјан Иванов (ПК Скопје), втор беше Христијан Нически (ПК Три Дисциплини), а трет Матеј Лазороски (ПК Три Дисциплини). Во женска конкуренција најдобра беше Дарија Магдис (ПК Три Дисциплини), пред Катја Цвијетиќ (ПК Вардар 2018) и Мона Кукунешоска (ПК Три Дисциплини).

Со успешната организација на првото издание на „Дрим Маратон 2026“, Струга доби уште еден значаен спортски настан, кој има потенцијал да стане традиционална манифестација и препознатлив бренд на македонското маратонско пливање.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!