Втора лигаФудбал

Капсаров: Доаѓам полн со мотивација и верувам дека заедно ќе го вратиме Пелистер таму каде што припаѓа

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Новото засилување на Пелистер, Костадин Капсаров, со голем ентузијазам го започнува новото поглавје во својата кариера. По одличната сезона во дресот на Брегалница, со која стана шампион во Втората македонска фудбалска лига и избори пласман во елитата, 21-годишниот напаѓач сега ќе ги брани боите на битолскиот клуб.

Капсаров зад себе остави фантастична сезона во Штип, каде со 14 постигнати голови беше најдобар стрелец на Брегалница и еден од најзаслужните за враќањето на „сините“ во Првата лига.

Во својата прва изјава по потпишувањето за Пелистер, Капсаров не ја криеше радоста што ќе го носи зелено-белиот дрес.

„Среќен сум што станав дел од Пелистер. Одлучив да дојдам тука поради одличните услови за работа, добрата средина за напредок и амбициозниот проект на клубот. Доаѓам полн со мотивација и желба да се докажам и верувам дека заедно ќе успееме да го вратиме Пелистер таму каде што припаѓа. Со нетрпение очекувам да заиграм пред битолската публика и ќе дадам сè од себе за да ја оправдам довербата.“

Капсаров претходно во кариерата настапуваше и за АП Брера Струмица, Беласица и Детонит Плачковица.

Пелистер во новата сезона ќе атакува на експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, а првиот предизвик битолчани ќе го имаат на домашен терен против дебитантот Камјани. Со ангажманот на Капсаров, клубот добива напаѓач кој веќе покажа дека знае како се освојуваат бодови и титули во второлигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!