Турнири

Blagica Kitchen со висок триумф и неизвесно соочување, Динамо Штип со „петарда“ на турнирот во Чардаклија

Сподели
Сподели

Вечерва продолжија возбудувањата на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија со четири нови натпревари.

Во рамки на првиот меч екипата на Blagica Kitchen со убедливи 5:1 го „прегази“ Каров Шпед Шкорпион за висока победа.

Екипата на Blagica Kitchen одигра уште еден меч овој пат на мегдан беше против No Stop Transport, но се намачи за да го освои целиот „плен“ откако тримфираше со 7:8.

На тој начин Blagica Kitchen стигна до две победи во една вечер.

Во третиот меч силите ги одмерија Динамо Штип и Мист Пласт, каде ссотавот на Динамо беше подобар со 5:2 додека пак во четвртиот меч за оваа вечер Џоле Транс Коп ја доби Магна со резултат од 9:4.



Публиката проследи четири атрактивни натпревари со многу погодоци, а најнеизвесно беше на вториот меч, каде имаше вистинска драма за решавање на победникот.

Распоред за четврток (23 јули)

20:00 часот Супер Термити – Мист Пласт
20:50 часот Супер Термити – МАГНА
21:40 часот Meta Pixels – КМФ Кратово
22:30 часот КМФ Кратово – Фаланга Штип

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!