Ракомет

Првата ракометна лига со 14 екипи, има два дебитанти – ракомет ќе се игра и во Македонска Каменица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Во новата сезона 2026/2027 во Првата ракометна лига во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 14 екипи, меѓу нив има и два дебитанти.

Нови екипи кои за првпат ќе заиграат во Првата лига се Сокол Саса од Македонска Каменица, како и РК Илинден.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат и два лански суперлигаши, Пролет и Радовиш, а пак Струга која иако испадна од Супер лигата ќе биде дел од елитата по откажувањето на Пролет од настап во суперлигашкото друштво.

Во новата сезона 2026/2027 ќе настапат Драчево Јуниор, Вардар Неготино, Преспа, Аеродром, Пролет, Овче Поле, Македонија Ѓорче Петров, Шампион, Радовиш, Партизан Гевгелија, Илинден, Текстилец, Јехона и Сокол Саса.

Минатата сезона Мулти Есенс беше шампион и обезбеди директен влез во елитата, со што тимот од Автокоманда се врати во Супер лигата, а пак Младост од Богданци ја доби Струга во баражот и се врати во Супер лигата, но и стружани ќе бидат дел од елитата, искористувајќи го моментот со откажувањето на Пролет од настап во елитата.



Сениорскиот ракомет нема да се игра во Кичево, откако минатата сезона РК Кичево беше исфрлен од натпреварување, а сите останати екипи кои се натпреваруваа во Првата лига и во новата сезона ќе се натпреваруваат.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!