Останато

Калин Ивановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако мечот од првото коло на ИТФ турнирот М25 Олерсбах го победи Александер Чајка од Русија со 2-1 во сетови (67(7) 62 и 64) за 2 часа и 45 минути игра. Ивановски има 14 победи во 15 одиграни мечеви во 2026 година.

Македонскиот тенисер стартуваше одлично во мечот и по еден брејк имаше водство од 3:0 во гемови, но ривалот успеа да направи пресврт и со два брејка поведе со 4:3. Сепак Ивановски веднаш направи нов брејк и изедначи на 4:4. Немаше нов брејк и сетот беше решен во тајбрејк, а и покрај водството Ивановски не реализираше неколку сет топки и Чајка поведе со 1-0 во сетови.

Тоа не влијаеше на играта на Ивановски, кој направи два брејка во вториот сет (трети и седми гем) и сетот го доби со 6:2 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Чајка поведе со 2:0 во гемови, но Ивановски имаше нов брејк и стигна да изедначување од 2:2. Во деветтиот гем следуваше нов брејк за македонскиот тенисер, кој поведе со 5:4, а потоа на свој сервис беше успешен и сетот го заврши со 6.4 во гемови.



Во следното коло (утре) Ивановски ќе игра против Бор Артнак од Словенија, кој е рангиран како осми носител и денеска постигна победа од 2-0 во сетови против квалификантот Патрик Хомола од Чешка.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!