Ракомет

(ФОТО) Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовки за новата сезона во Супер лигата

Сподели
Сподели

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 официјално ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2026/27, во која ќе влезе со нов шеф на стручниот штаб и неколку промени во играчкиот кадар.

Првиот работен состанок и тренинг на битолскиот состав беа одржани под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, кој ќе ја предводи екипата во новата сезона. Во неговиот стручен штаб ќе бидат Фарук Мемиќ како асистент тренер, Васко Димитровски како кондиционен тренер, Филип Ивановски како тренер на голманите и Иванчо Тодоровски во улога на физиотерапевт.

Во пресрет на новата сезона, клубот го освежи и играчкиот ростер. Нови членови на Еурофарм Пелистер 2 се Александар Стојков, кој пристигнува од Куманово, Марко Трајков од Пролет, Кристијан Симоноски од Алкалоид и Божидар Илиески, кој доаѓа од Прилеп.

Од друга страна, клубот се раздели со Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист, Томче Пецаковски, Бојан Гичев и Јован Даневски.



Подготовките ќе се реализираат во Битола, каде тимот ќе ја темпира формата пред почетокот на новата сезона, а во наредниот период ќе одигра и неколку контролни натпревари.

Првиот официјален предизвик за битолчани во Суперлигата ќе биде исклучително тежок, бидејќи во воведното коло од сезоната 2026/27 ќе гостуваат кај актуелниот шампион Вардар 1961.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!