Ракомет

Почна новата сезона за Алкалоид – Лазаров ја собра екипата

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првата прозивка во спортскиот центар „Автокоманда“, избраниците на Кирил Лазаров го означија стартот на новиот тренажен процес во пресрет на сезоната во која клубот ќе има бројни домашни и меѓународни предизвици.

ФОТО: РК Алкалоид
ФОТО: РК Алкалоид

На првиот собир на екипата присуствуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој им посака на ракометарите пред сѐ добро здравје, успешни подготовки и многу успеси во сезоната што претстои.

ФОТО: РК Алкалоид
ФОТО: РК Алкалоид

Алкалоид ќе има големи предизвици во новата сезона. Покрај настапите во Супер Лигата и Купот на Македонија, тимот ќе биде дел и од новоформираната Регионална лига, во која ќе се натпреварува со екипи од Србија и Црна Гора. На европската сцена, составот повторно ќе настапува во ЕХФ Европскиот куп, натпреварување во кое веќе се запиша во историјата со освојувањето на трофејот во сезоната 2024/25.

ФОТО: РК Алкалоид

Стручниот штаб подготовките ги подели во три фази. Почетниот дел ќе биде реализиран во Скопје, а од 3 август екипата ќе се пресели во Маврово, каде ќе ја одработи главната база на подготовки. Во завршниот дел од тренажниот процес, акцентот ќе биде ставен на одигрување контролни натпревари и темпирање на формата пред стартот на официјалните натпревари.

ФОТО: РК Алкалоид

Со стартот на подготовките, Алкалоид ги отвора подготовките за уште една амбициозна сезона, во која целта ќе биде продолжување на успешните настапи на домашната сцена и достојно претставување на македонскиот ракомет во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!