Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Миодраг Тодоровиќ: Атмосферата е одлична во тимот, подготвени сме за предизвикот што следи

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија до 18 години отпатува за Хрватска, каде од 24 јули до 2 август ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Континенталниот шампионат ќе се одржи во Ријека и Опатија, а на него ќе учествуваат 22 национални селекции. Трите најуспешни репрезентации ќе обезбедат пласман во елитната Дивизија „А“.

Македонските јуниори се дел од групата „Д“, во која ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Грузија, Шведска, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ настапот на првенството ќе го отворат со натпревар против Грузија, кој ќе биде првиот чекор во борбата за што подобар пласман.

Зад репрезентацијата е интензивен подготвителен период кој траеше речиси еден месец. Во тој период беа одиграни повеќе контролни натпревари, меѓу кои два гостински дуели против Бугарија и пријателски натпревар со Косово, преку кои стручниот штаб ги финализираше подготовките за Европското првенство.

И покрај неколкуте повреди со кои се соочи тимот во текот на подготовките, селекторот Миодраг Тодоровиќ истакна дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и дека сите се максимално фокусирани на успешен старт и добар настап на шампионатот.

„Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но тоа е составен дел од спортот. Имавме доволно време да ги анализираме противниците, а целиот наш фокус е насочен кон првиот натпревар против Грузија. Одиме меч по меч и на секој натпревар ќе играме на победа. Тоа е наша обврска кога го носиме дресот со државниот грб. Ќе се бориме секоја секунда за Македонија, затоа што амбициите секогаш мора да бидат највисоки кога се игра за националниот тим“, изјави Тодоровиќ пред заминувањето за Хрватска.

Нашата селекција првиот натпревар ќе го отвори на 24 јули (петок), кога од 20:30 часот во спортската сала „Марино Цветковиќ“ во Опатија ќе се соочи со селекцијата на Грузија.

Веќе следниот ден, на 25 јули, од 18:00 часот во арената „Замет“ во Ријека, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ќе играат против Босна и Херцеговина.

Третиот натпревар е закажан за 26 јули, кога во раниот термин од 10:30 часот, повторно во Опатија, Македонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Унгарија.

По дводневна пауза, на 29 јули од 10:30 часот, македонските јуниори ќе го одиграат и последниот натпревар од групната фаза против селекцијата на Шведска.

Во зависност од пласманот во групата „Д“, Македонија ќе ги дознае противниците во разигрувањето, каде ќе се бори за конечниот пласман на Европското првенство.

МАКЕДОНИЈА „ПОД 18“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ ВО РИЈЕКА И ОПАТИЈА

  1. Григориј Ѓорѓевиќ
  2. Дамјан Данев
  3. Филип Сребров
  4. Алексеј Нешовиќ
  5. Дамјан Стојановски
  6. Марко Бајалџиев
  7. Ѓорѓи Цветковски
  8. Дамјан Стојановски
  9. Павел Ѓиноски
  10. Лука Чучанов
  11. Михајло Малиниќ
  12. Филип Алековски

СЕЛЕКТОР: Миодраг Тодоровиќ

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Дамјан Вељанов

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Илија Стамболџиев

ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Никола Станојковски

ДОКТОР: Ивана Харбов

ТИМСКИ ВОДАЧ: Бранко Андриевски

ПРИДРУЖЕН СУДИЈА: Андреј Златевски

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!