Прва лигаФудбал

Брегалница задржа еден од хероите од шампионската сезона: Лука Георгиев останува во Штип

Сподели
Сподели



Прволигашот Брегалница продолжува да го задржува костурот на тимот кој минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди враќање во елитното друштво, а една од најважните вести за штипските навивачи е дека Лука Георгиев ќе остане во дресот на „сините“ и во новата сезона.

22-годишниот офанзивен играч од средниот ред беше еден од клучните фудбалери во шампионската кампања на Брегалница. Со својата енергија, креативност и одлучност на теренот, Георгиев често беше моторот на тимот во најважните натпревари.

Особено се памети неговиот еврогол против Охрид во победата од 1:0 во Штип, како и асистенцијата за триумфот над Скопје, натпревар во кој Брегалница освои исклучително важни бодови во борбата за првото место. Значајна улога имаше и во дуелите со Шкендија Арачиново, каде „сините“ ги освојуваа клучните бодови на патот кон титулата.

Георгиев претходно се развиваше во фудбалски академии во Германија, а во македонскиот фудбал настапуваше за Осогово, АП Брера Струмица и Детонит Плачковица, пред да пристигне во Брегалница и да ја има својата најдобра сезона во кариерата.

Иако во изминатиот период постоеше сериозен интерес од клубови од Данска и Шведска, по разговорите со раководството и стручниот штаб, младиот фудбалер одлучи да остане во Штип и да биде дел од прволигашките предизвици на Брегалница.



Неговото останување претставува големо засилување за тимот, бидејќи станува збор за фудбалер кој веќе покажа дека може да прави разлика во натпревари со висок влог и да биде лидер и покрај младата возраст.

Брегалница новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја започнува на 25 јули со гостување кај актуелниот шампион Вардар, а задржувањето на Лука Георгиев е уште еден сигнал дека „сините“ сакаат да влезат максимално конкурентни во прволигашката кампања 2026/27.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!