Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Сподели
ФОТО: ФК Борец 1919
Сподели

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател и сопственик Марјан Нацев се повлече од функцијата поради здравствени причини.

Во наредниот период клубот ќе биде раководен од Управен одбор, кој допрва треба да биде конституиран. Очекувањата се новото раководство да постави цврсти темели за стабилно функционирање на клубот и успешно да го подготви тимот за настап во новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Регион 4.

Борец зад себе има успешна сезона во која ја освои шампионската титула во Третата лига – Југ и избори бараж за пласман во Втората лига. Сепак, велешани не успеаја да направат чекор напред, откако во баражот одигран во Кочани претрпеа убедлив пораз од Кожуф, со што останаа без промоција.

Некогашниот прволигаш и еден од клубовите со богата традиција во македонскиот фудбал, по испаѓањето од елитното друштво сè уште го бара патот за враќање во Првата македонска фудбалска лига. Новото раководство ќе има задача да создаде стабилна основа и амбициозен проект со кој Борец повторно би се вклучил во битката за повисок ранг.

Од клубот му посакаа брзо закрепнување на Марјан Нацев, заблагодарувајќи му за досегашниот ангажман, а на новото раководство му посакаа многу успех во предизвиците што претстојат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе одигра нов дуел со репрезентацијата на Швајцарија во гости, во оглед нашата репрезентација да извлече позитивен резултат,...

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!