Фудбал

ОФС Кичево со ново раководство, Марјан Стојановски е новиот претседател!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По долг период на неизвесност, во Општинскиот фудбалски сојуз Кичево и официјално започнува ново поглавје. На вонредното собрание, одржано вчера, делегатите едногласно го избраа новото раководство на досегашниот суспендиран ОФС Кичево, со што беа поставени темелите за нов почеток и стабилизација на сојузот.

Со едногласна поддршка, за нов претседател на ОФС Кичево беше избран Марјан Стојановски, кој ја доби довербата да го предводи сојузот во наредниот период и да работи на развојот и унапредувањето на фудбалот во општината. За потпретседател е назначен Лика Куштрим.

На Собранието беше избран и новиот Управен одбор, кој ќе функционира во состав: Александар Грујоски, Марјан Стојановски, Лика Куштрим, Давор Цветаноски, Игор Николаевски, Фрањо Павичиќ и Роберт Тодоров.

Со изборот на новото раководство се очекува ОФС Кичево да започне со редовно функционирање и реализација на активности насочени кон подобрување на организацијата на натпреварувањата, поддршка на клубовите и развој на фудбалот во кичевскиот регион.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!