Турнири

ФОТО: М Младост со две победи на „Малеш Куп“, Еклектик со сигурен триумф

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни дури пет натпревари на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово, каде одново на сите натпревари имаше голем број на погодоци.

Два меча се одиграа 2+, но имаше и меч кој влезе во „седум плус“.

Банда без Команда ја отвори вечерва со триумф од 0:5 над Голиќ Пром и стигна до вредни бодови со чиста мрежа. Во Вториот меч М Младост се намачи, но го доби Иван Шпед од Делчево.

Во третиот меч беше забележана уште една сигурна победа за тимот на Еклектик од 3:1 над Пабо Монополо Делчево.

Изгрев Ратево со сигурни 2:0 го доби составот на Банда без Команда, кој одигра уште еден меч, а потоа М Младост стигна до нов триумф овој пат со 2:0 го доби ОФК Малеш Берово.

Утрешниот ден на „Малеш Куп“ ќе биде слободен, а возбудувањата продолжуваат во понеделник со нови пет средби.

19:00 часот Еклектик – Голик Пром
19:30 часот Благица и Кичен Штип – Сити Паб Берово
20:00 часот Благица и Кичен Штип – М Младост
20:30 часот Сити Паб Берово – Иван Шпед Делчево
21:00 часот Голик Пром – Паб и Монополо Делчево

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, а соработката трае од првото издание на Малеш Куп одржано во 2022 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во...

Турнири

Леон Траспорт лесно „прегази“ до висок триумф, Црна Река го „испумпа“ Оливер Промет со четири гола!

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ беа забележани две високи...

Турнири

ФОТО: КФМ Кратово со „петарда“ во Чардаклија, Фаланга Штип се намачи за триумф

Вечерва беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!