Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Масевски со гол се врати меѓу „рибарите“ – Охрид подобар од Новаци

Сподели
Сподели



Охрид со победа ги отвори пријателските натпревари, откако на „СРЦ Билјанини Извори“ со минимални 1:0 го доби Новаци, а стрелец на единствениот победнички гол беше Дамјан Масевски, кој со погодок се врати меѓу „рибарите“.

Натпревар каде тренерите Ромео Кочоски и Иван Варадиновски им даваа шанси на сите играчи со цел да ја проверат нивната форма и вклопувањето во тимот за следната сезона.

Охрид во првиот дел креираше огромни шанси кои не успеа да ги претвори во гол, најзрелата беше преку Антонио Каланоски, кој собра „отпадок“ биеше но само покрај голот, а голманот Николче Симоноски во првиот дел беше на вистината на задачата и нижеше одлични интервенции.

  • ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: ОХРИД – НОВАЦИ

Во вториот дел Кочоски и Варадиновски започнаа со промени во тимот и во играа влегоа сите играчи кои беа на располагање.

Во 77. минута од средбата Дамјан Масевски успеа да испрати удар и да го совлада Давид Дранго за водство на „рибарите“, а тоа беше и конечен исход. Во вториот дел Новаци не успеа да реализира неколку шанси.

Овој натпревар можевте да го следите во живо на Спортска Мрежа со директен пренос реализира од нашата редакција со три камери и коментатор.

Во новата сезона Охрид ќе цели кон атак на позициите за Прва лига, а Новаци сака да биде изненадување во второлигашката конкуренција.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!