Втора лигаФудбал

Денес во ЖИВО на Спортска Мрежа: Охрид – Новаци, пријателски натпревар

Сподели
Сподели

Денес на YouTube каналот на Спортска Мрежа, со почеток од 17:30 часот, во ЖИВО ќе можете да го проследите пријателскиот натпревар помеѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој ќе се одигра на стадионот „СРЦ Билјанини Извори“ во Охрид.

Натпреварот ќе биде реализиран со три камери и коментатор, со што на гледачите ќе им биде овозможено квалитетно телевизиско доживување и вистинска атмосфера директно од стадионот.

За двата тима ова ќе биде првиот контролен натпревар во рамки на летните подготовки. Тренерите Ромео Кочоски и Иван Варадиновски ќе имаат можност за првпат да ја проверат формата на своите фудбалери, но и да видат како новите засилувања се вклопуваат во екипите. Варадиноски е нов на тренерското столче на Новаци и за првпат ќе го води тимот.

Охрид и оваа сезона најавува сериозна борба за пласман во Првата македонска фудбалска лига, додека Новаци има амбиција да состави конкурентен тим кој ќе се бори за самиот врв на второлигашката табела.

Во досегашниот преоден рок, Охрид ги ангажираше Горан Силјановски – Шаро, Дамјан Масевски и Валентин Кочоски, додека Новаци ги промовираше Петар Гугуљанов, Кирил Стојков, Андреј Сиљаноски и Стефан Спировски како нови засилувања.

Интересно е што токму овие две екипи ќе се сретнат и во првото коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а натпреварот повторно ќе се одигра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Нашиот тим е подготвен да реализира преноси во живо со три и четири камери од фудбалски натпревари, турнири во мал фудбал, ракометни натпревари, како и од многу други спортски настани.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!