Прва лигаФудбал

Брегалница ја продолжи соработката со Николовски, а ги промовираше Стојанов и Миленковски

Сподели
Сподели



Прволигашот Брегалница продолжува да се екипира за новата сезона која стартува на 25 јули. „Сините“ ја продолжија соработката со Анџело Николовски, кој по одличната сезона одлучи да ја продолжи соработката со Брегалница и за следната сезона.

Николовски по вторпат успеа со Брегалница да обезбеди промоција од Втора во Прва лига, а во неговата кариера тоа му успеа и со Македонија ЃП како шампион, а пак како вицешампион обезбеди промоција во елитата и во дресот на Гостивар. Николовски игра како лев бек и лево крило, а штипјанецот е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Тоа што Спортска Мрежа го најави пред повеќе од дваесетина дена сега Брегалница го потврди – искусниот дефанзивец Дарко Стојанов се врати во Брегалница и одново ќе го носи „синиот“ дрес.

Зад Стојанов е богата и успешна кариера. Првите сениорски настапи ги запиша во Вардар, а потоа настапуваше и за Маџари Солидарност, Беласица и Брегалница, каде остави длабока трага и стана едно од препознатливите имиња на клубот од Штип.



Штипјанецот потоа кариерата ја продолжи во редовите на поранешниот вицешампион Хоризонт Турново, Борец, Ренова, Детонит Плачковица, Слога Виница и Кожуф, додека интернационално искуство стекна во бугарскиот Дунав Русе.

Голманот Мартин Миленковски е повратник во редовите на Брегалница, а доаѓа од тимот на Каменица Саса кој испадна во Трета лига регион 3.

Новата сезона Брегалница ја отвара против шампионот Вардар во гости.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!