Прва лигаФудбал

Миле Тодоров се врати во Работнички – потпиша двегодишен договор

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички, која забележа одлична есенска полусезона во Првата македонска фудбалска лига, го врати Миле Тодоров во своите редови. Тодоров, кој потпиша двегодишен договор, се враќа во клубот каде што настапуваше и во младинските категории, по шестмесечен престој во Тиквеш.

25-годишниот фудбалер од Неготино има богато искуство, настапувајќи за Скопје, Победа, Радник Бијелина (Босна и Херцеговина), како и за хрватските клубови Осијек 2 и Новиград. Во тековната сезона, Тодоров одигра 16 натпревари за Тиквеш во Првата лига, минувајќи 861 минута на терен и запишувајќи една асистенција. Дополнително, тој беше дел од двата европски натпревари на кавадаречкиот клуб, одигрувајќи вкупно 80 минути.

Работнички моментално го дели првото место на табелата со Шкендија и есенскиот шампион Силекс, сите со по 37 бодови. Се очекуваат засилувања во зимскиот преоден рок во Работнички, а се очекуваат промени и во играчкиот кадар на Тиквеш.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски одлуки на натпреварите од 10. коло во Првата и 8. коло...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!