Турнири

ФОТО: Еклектик до победа со чиста мрежа, Паб и Монополо Делчево со убедлива победа

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни дури пет натпревари на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2026“ во Берово, а истите предизвикаа вистинска голеада.

Благица & Китчен со триумф од тесни 3:2 го доби тимот на ОФК Малеш Берово и прокнижи важни бодови, а пак во вториот меч тимот на Благица & Китчен со убедливи 4:1 го доби тимот на Иван Шпед Делчево.

Во третиот натпревар екипата на Еклектик со 4:0 го доби тимот на Банда без команда во единствениот меч на вечерва каде победникот имаше чиста мрежа.

Следуваше убедлива победа на Паб и Монополо Делчево од 2:6 над Изгрев Ратево, а во последниот меч ОФК Малеш Берово претрпе нов пораз овој пат од Сите Паб Берово со 1:2.

Распоред за сабота (18.07.2026)

19:00 – Голик Пром – Банда Без команда
19:30 – М Младост – Иван Шпед Делчево
20:00 – Еклектик – Паб и Монополо Делчево
20:30 – Изгрев Ратево – Банда Без команда
21:00 – М Младост – ОФК Малеш Берово

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!