Турнири

Познати групите и комплетниот распоред за „Малеш Куп 2026“

Сподели
Сподели



Организаторот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп 2026“ го објави комплетниот распоред на натпреварите и составот на групите за овогодинашното издание, кое ќе се одржи од 17 до 24 јули на теренот кај Старата гимназија во Берово.

Десет екипи ќе се борат за трофејот, поделени во две групи, а натпреварите секој ден ќе започнуваат од 19:00 часот.

Група А

Еклектик
Изгрев Ратево
Голик Пром
Паб и Монополо Делчево
Банда Без команда

Група Б

Благица и Кичен Штип
М Младост
Сити Паб Берово
Иван Шпед Делчево
ОФК Малеш Берово

Распоред на натпреварите

Петок (17 јули)

19:00 – Благица и Кичен Штип – ОФК Малеш Берово
19:30 – Благица и Кичен Штип – Иван Шпед Делчево
20:00 – Еклектик – Банда Без команда
20:30 – Изгрев Ратево – Паб и Монополо Делчево
21:00 – ОФК Малеш Берово – Сити Паб Берово

Сабота (18 јули)

19:00 – Голик Пром – Банда Без команда
19:30 – М Младост – Иван Шпед Делчево
20:00 – Еклектик – Паб и Монополо Делчево
20:30 – Изгрев Ратево – Банда Без команда
21:00 – М Младост – ОФК Малеш Берово

Понеделник (20 јули)

19:00 – Еклектик – Голик Пром
19:30 – Благица и Кичен Штип – Сити Паб Берово
20:00 – Благица и Кичен Штип – М Младост
20:30 – Сити Паб Берово – Иван Шпед Делчево
21:00 – Голик Пром – Паб и Монополо Делчево

Вторник (21 јули)

19:00 – Изгрев Ратево – Голик Пром
19:30 – М Младост – Сити Паб Берово
20:00 – Иван Шпед Делчево – ОФК Малеш Берово
20:30 – Паб и Монополо Делчево – Банда Без команда
21:00 – Еклектик – Изгрев Ратево



По завршувањето на групната фаза следува елиминацискиот дел од турнирот. Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 22 јули, полуфиналните дуели се закажани за 23 јули, додека 24 јули е резервиран за натпреварот за третото место и големото финале, кога ќе биде познат новиот победник на „Малеш Куп“.

И оваа година Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, продолжувајќи ја успешната соработка со организаторот која трае непрекинато од 2022 година. Во текот на турнирот ќе следуваат најави, извештаи, фотографии, интервјуа и други ексклузивни содржини, со што љубителите на малиот фубдал ќе бидат навремено информирани за сите случувања од Берово.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!