Втора лигаФудбал

Христијан Поп-Антоски по одличната сезона се раздели со Осогово, ќе бира нова средина

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Христијан Поп-Антоски по одличната сезона во редовите на Осогово ќе менува средина откако се раздели со второлигашот од Осогово.

22-годишниот лев бек од Прилеп зад себе имаше фантастична сезона во дресот на „жетварите“ со 5 погодоци и 8 асистенции и учествуваше директно во многу победи и освоени бодови за тимот од Кочани.

Низ кариерата младиот фудбалер настапуваше за Победа, кој е негов матичен клуб, Братство, Македонија ЃП и Детонит Плачковица од каде премина во редовите на Осогово.

Според информации на Спортска Мрежа за Поп-Антоски има неколку опции, а во следниот период ќе треба прилепчанецот да бира каде ќе ја продолжи својата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!