Екипата на Илинден сериозно го отвара трансфер пазарот откако го договори потписот на искусниот Дарио Десниќ, кој беше промовиран во дресот на третолигашот кој ќе има амбиции да обезбеди влез во Втора лига.
Десниќ доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново, претходно 32-годишниот фудбалер настапуваше за Куманово, Вардар, Скопје, Борец, Кадино, Тетекс, Силекс.
Со тимот од Арачиново обезбеди промоција од Трета лига – Север во Втора лига, а потоа во Прва лига, искусниот голгетер го има „рецептот“ за внесување на екипи во повисок ранг на натпреварување.
Инаку, како што претходно објави Спортска Мрежа, искусниот Горан Симов беше промовиран за нов шеф на стручниот штаб.